Уште 27 Авганистанци си заминаа од Македонија

Уште една група авганистански граѓани кои привремено престојуваа кај нас утрово замина од Македонија. Од Меѓународниот аеродром Скопје, 27-те Авганистанци заминаа за Даблин, Ирска, како нивно трајно одредиште, соопштија од Владата.

Станува збор за граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни невладини организации во Авганистан, и беа под закана на новиот талибански режим во земјата, а трошоците за престој кај нас во целост се покриени од меѓународните организации.

Во моментов во земјава престојуваат 442 граѓани од Авганистан, жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

Пред една недела, десетмина Авганистанци заминаа во Франција каде што ќе чекаат да им се признае правото на азил.

Претходна вестСкопските средношколци ќе го „кршат мразот“ со скринингот
Следна вестАрсовска пред Шилегов со скоро 8.000 гласа