Уште една недела попис – досега евидентирани над 1.300.000 граѓани

Заклучно со вчера до 20 часот, во земјава се попишани 1.309.840 граѓани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Кога станува збор за домаќинствата, попишани се 405.266, а бројот на попишани станови изнесува 556.415.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.982 лица.

Директорот на ДЗС Апостол Симовски тврди дека пописот се одвива без пробеми и досега се соочиле со стотина лица кои одбиле да бидат попишани. Со нив прво ќе се разговара, а потоа ако е неопходно ќе се применат и казни како што предвидувва законот.

Пописот започна на 5 септември, а ќе трае уште една недела односно до 30 септември.

Претходна вестНајавија и трета доза вакцини, но што со лекувањето, со големата смртност, со…?
Следна вестРачни бомби пронајдени во Дебарца при уривање објект