Уште три дена за увид во избирачки список

Заклучно со вчерашниот ден, четврток, 14 март, вкупно 4.859 лица извршиле увид на своите податоци во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), информираа од таму. Притоа, барање за промена на податоците поднеле седум лица, 19 поднеле барање за запишување на своите податоци, а 5 лица поднеле барање за бришење на податоци од Избирачкиот список.

Преку електронски пат, во списокот до вчера се провериле вкупно 22.122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, 6 барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.

-По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, ве информираме дека досега се пристигнати вкупно 1.451 пријави од кои 1.101 се прифатени, 159 се одбиени и 191 необработени пријави. Напоменуваме дека овие податоци се јавно достапни на веб страната www.dijaspora.sec.mk, велат од ДИК.

Јавниот увид во Избирачкиот список трае до понеделник, 18 март до 24 часот.

Претходна вестВо Скопје санкционирани 173 возачи
Следна вестМакедонија не е доволно атрактивна за Романците – досега продадени само 200 билети