Уште утре малку дожд, потоа следува стабилно и топло време

Времето утре ќе биде умерено облачно. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 12, а максималната ќе достигне 24 степени.

Следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.

Претходна вестДелови од Кисела Вода утре без вода
Следна вестОд утре полициски час од 23 часот, кафеаните отворени до 22:30