Усмртен пешак на улица во Скопје, возачот избегал

75-годишник од Скопје е прегазен ноќеска на крстосницата на булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ откако во него удрило патничко возило.

-Возачот го напуштил местото на несреќата информира МВР.

Жртвата починала на местото на несреќата, смрт констатирал лекар од Итната помош. Од МВР велат дека случајот се расчистува. Телото на починатиот е дадено на обдукција.

Претходна вестБабовски: Да не се манипулира дека ќе се зголеми цената на свинско месо
Следна вестДедо од Кисела Вода оставил во „наследство“ експлозивна направа