Уставните судии не донесоа одлука за Законот за матична евиденција, предметот останува отворен

Уставните судии денеска не донесоа одлука по оспорениот Закон за матична евиденција но тој предмет и натаму останува отворен.

-Судијата известител Дарко Костадиновски предложи да се поведе постапка, односно во следната фаза да се оценува уставноста на три члена кои опфаќаат податок националност во матичните книги на родените, венчаните и умрените од Законот за матичната евиденција, но овој предлог не го доби потребното мнозинство, што значи предметот останува отворен и понатаму, соопшти портпаролката на судот, Христина Беловска.

Согласно Деловникот на Уставниот суд одлука се носи со најмалку пет гласа „за“. Иницијативата е поднесена на 3 јули 2023 година од страна на Левица.

Беловска соопшти дека овој предмет е различен од оспореното Упатството за водење на матични книги. За него останува во сила времената мерка, односно запирање на извршување на поединечни акти кои произлегуваат од конкретното Упатство, сѐ додека Уставниот суд не донесе конечна одлука во тој случај.

Политичката партија Левица оспорува повеќе членови од постоечкиот Закон за матична евиденција, со кои е предвидено националност да се запише во матичната книга на родените, во матичната книга на венчаните и во матичната книга на умрените.

Претходна вестСе најавуваше дека првиот ќе биде во Скопје: „Лидл“ почнува со изградба на маркет во Битола
Следна вестДвајца Грци се обиделе да прошверцуваат трет Грк на „Богородица“, го сокриле во багажник