Уставните судии се сомневаат дека има дискриминација на средношколците од приватните училишта во јавниот превоз

Одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на членот 41-а став 1 во делот „јавно” од Законот за средното образование, донеле уставните судии на последната седница. Исто така, по сопствена иницијатива, Судот одлучи да се поведе постапка и за оценување на уставноста на став 3 во делот „јавното“ од истиот член.

Причината за постоење основано сомнение во уставноста на овие делови од одредбите од Законот за средното образование, е што според Судот, со истите се повредува уставниот принцип на еднаквост, на начин што се воспоставува различен третман за учениците во јавните, во однос на учениците во приватните средни училишта при користењето на бесплатен превоз до училиштето, односно се предвидува ова право да го користат само редовните ученици во јавните средни училишта.

Подносителот на иницијативата Лука Павиќевиќ во иницијативата навел дека со оспорениот член од Законот за средното образование се дискриминирани учениците во приватните средни училишта во поглед на правото на користење на јавниот превоз, иако според Уставот образованието е достапно на секого под еднакви услови.

Претходна вестСе засилуваат полициските контроли и во Аеродром
Следна вестДури 340 милиони луѓе во ЕУ имаат минус на банкарските сметки