Утре и задутре се ќе подзастане во Скопје, но не и издавањето документи со „северна“

Утре вообичаениот животен ритам во Скопје ќе подзастане. Ќе почне самитот на ОБСЕ кога во главниот град на македонија ќе дојдат бројни делегации од над 50 држави. Ввадата дури одлучи администрацијата да работи само до 12 часот, а во четврток за сите нив е неработен ден.

Но, не застанува со работа МВР и издавањето на личните документи на граѓаните. Процесот на ставање во документите на наметнатата додавка „северна“ ќе продолжи непречено.

Имено, МВР ги известува граѓаните, кои утре и задутре (29 и 30.11.2023) имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје, дека пунктовите ќе работат со полно работно време.

-Во согласност со одлуката на Владата, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на град Скопје, утре, 29 ноември (среда), треба да заврши во 12 часот, а 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ, но тоа нема да важи за службите за граѓански работи на МВР, кои и двата дена ќе работат редовно, со полно работно време. Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини, велат од МВР.

Инаку, многу граѓани на социјалните мрежи веќе подолг период бараат Владата да го одложи ултимативно поставениот рок со кој се наметнува сите документи да бидат со „северна“ до февруари идната година. Граѓани (особено од Скопје) посочуваа дека кога се јавуваа пред еден месец за да закажат термин за промена на документите добиваа слободен терминал дури за лето, неколку месеци по ултимативниот рок.

Претходна вестМВР ја објави Вања за исчезната, носи протези, има бемка на десната страна од лицето
Следна вестУкраинскиот министер Кулеба нема да дојде на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје