Утре или задутре законот за државјанствo во Собрание – ако помине ќе отвори пат за други закони

Утре или задутре би требало да биде закажана седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која би се расправало за законот за државјанство, по постигнатиот договор на Алијанса на Албанците и Алтернатива и СДСМ.

Сепак дали ќе дојде до конечна разрешница ќе се знае откако предлозите ќе ги види и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека кога ќе помине нивниот предлог, кој по разговорите на лидерите е делумно изменет, ќе ги повлечат нивните амандмaни со кои се блокираат низа други закони.

На денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи не се расправало за интерпелациите за министерот Бојан Маричиќ и вицепремиерот Љупчо Николовски, што се на дневен ред на 41. седница. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која ги поднесе најавуваат дека тие остануваат за јуни.

 

Претходна вестИ бензинот и дизелот од полноќ поевтини
Следна вестПогледнете ги вашите годишни даночни пријави – на 1 јуни ќе биде касно