Утре прскање против ларви од комарци

Авионска и терестична дезинсекција ќе се спроведе утре на подрачјето на градот Скопје, соопштија денеска градските власти.

-Авионската дезинсекција (втора фаза) против ларви од комарци ќе се врши во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција (втора фаза) ќе се реализира во текот на денот. Доколку временските услови не го дозволуваат прскањето, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, се наведува во информацијата на Градот Скопје.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Претходна вестЗа прв пат меѓународен „ПичПрич“ во четврток
Следна вестПратениците ќе разгледаат дали Спасовски треба и понатаму да е министер