Утре состанок на Комисијата за заразни болести- Прилеп бара полициски час од 19 часот

Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанокот во врска со актуелната состојба со ковид-19, но засега нема информации дали ќе се предложат нови мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче за Телма потврди дека ќе има состанок, но не можеше да каже дали ќе има и нова препорака до Владата за заострување на мерките.

Во меѓувреме, локалната власт во Прилеп побара заострување на мерките. Општинскиот кризен штаб оцени дека ситуацијата во овој регион е алармантна и крајно загрижувачка и побара полициски час од 19 часот, како и скратен и редуциран јавен превоз. Од граѓаните, пак, Кризниот штаб побара голема совесност и одговорност.

Според градоначалникот Илија Јованоски, Прилеп цел месец е втор град со новозаразени, по Скопје. Граѓаните се неодговорни, се групираат, шетаат со позитивни тестови и ги кријат контактите.

Според денешните податоци, најмногу починати во изминатите 24 часа се од Прилеп -5.

Претходна вестМинистерството за труд ќе испитува дали несреќното дете од Гостивар било малтретирано
Следна вестКамчев останува во притвор