Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев утре ќе се сретне со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, а средбата ќе биде во 15.30 часот во Клубот на пратеници.
На средбата којашто претходно се најавуваше за викендов, треба да се разговара за можноста Алтернатива да се приклучи на парламентарното мнозинство и да влезе во Владата.