Утре во Скопје протестен марш „За чист воздух“

Утре во 16 часот, граѓаните на Скопје ќе се соберат на протест против загадениот воздух, кој ќе започне пред Министерството за животна средина, ќе продолжи кон Собранието, а ќе заврши пред Владата на Република Македонија. Организатор на протестот е „Зелен хуман град“, кој повикува на масовност и побара воведување на итни и среднорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Од „Зелен хуман град“ предложија неколку клучни мерки за справување со загадувањето на воздухот. Според Горјан Јовановски, претставник на организацијата, некои од главните барања се:

-Ограничување на увозот на возила со ниски стандарди за емисии на штетни гасови.

-Зголемување на бројот и обемот на инспекции на индустриските капацитети.

-Целосно и трајно решавање на проблемот со дивите и неконтролирани депонии во земјата.

-Нашите барања опфаќаат ограничување на увозот на возила со ниски стандарди за емисии, зголемување на инспекциите на индустриските објекти кои не се под постојан надзор, како и решавање на проблемот со дивите депонии кои се насекаде низ земјата. Ова вклучува и легални депонии кои не ги исполнуваат стандардите. Овие барања не се нови, бидејќи ги поднесуваме со години, но за жал, ништо од тоа досега не е вистински имплементирано, изјави Горјан Јовановски од Зелен хуман град.

Претходна вестЗапочнаа работите за новата трибина на стадионот во Охрид
Следна вестАртан Груби на црната листа на САД поради корупција