Поради најавените блокади од ВМРО-ДПМНЕ утре, задутре и в четврток во Скопје, во периодот од 15 до 17 часот, за сообраќај ќе бидат затворени крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ (Градска болница), соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
Поради ова ќе има посебен режим на сообраќајот на горенаведените и околните сообраќајници.