Утринската магла ќе ја сменат пладневно сонце и малку облаци

Во Скопје претпладнеvo e во магла и ниска облачност. Околу пладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

На останатото подрачје на Македонија  ќе биде сончево со мала до умерена, а на места повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. По одделни котлини, особено претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во сабота ќе дува слаб до умерен северен ветер. До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со магла и ниска облачност по котлините, а во вторник се очекува променливо облачно време со повремен дожд.

Претходна вестПо кусо боледување почина пијанистката Јасминка Чакар
Следна вестСкопје одбележува 76 години од херојското ослободување од фашизмот