Утрово најстудено во Битола, измерени 5 степени под нулата

Најстудено утрово е во Битола каде што во 7.30 часот се измерени 5 степени под нулата. Минусни температури се измерени и во Скопје-Петровец, Прилеп, Тетово, Берово, Попова Шапка и Крушево (-4), -3 во Струмица и Дебар, -2 во Демир Капија, Кавадарци, Охрид, Велес, Крива Паланка, Штип, Гевгелија, Маврови Анови и Претор и -1 степен во Виница. Во Дојран температурата е 1 степен. На Попова Шапка има снежна покривка од 3 сантиметри.

-Утрово е сончево, а по одделни котлини има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот, во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, а врнежи од снег на планините и на некои повисоки места. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 степени.

Претходна вестМВР го бара човекот кој стои зад лажниот профил што повика на протест и бесење на Спасовски
Следна вестКазнети 285 возачи во Скопје, 107 возеле побрзо од дозволеното