Ужасен ден: 50 лица починаа од ковид во 24 часа

Педесет лица починаа во земјава во изминатите 24 часа како последица од ковид.

Најмногу од нив 19 се од Скопје, 4 од Кичево (63г,62г,56г,53г), по 3 пациенти од Куманово (74г,74г,56г), Битола (73г,69г,55г), и Штип (82г,67г,53г), по 2 од Прилеп (82г,53г), Велес (77г,70г), Струмица (84г,74г) , Кочани (66г,63г) и Крива Паланка (77г,53г), а по еден пациент е пријавен од Тетово (46г), Гостивар (65г), Кавадарци (65г), Охрид (58г), Струга (72г), Неготино (62г) и Ресен (76г). 46 пациенти се починати во болнички услови, додека 4 пациенти се починати во домашни услови.

Ова е рекордна бројка на починти во едноденоноќие од почетокот на пандемијата. Досега тоа беа 46 на 8 декември лани.

Во последните 24 часа се направени 4.174 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи од кои во Скопје – 580, Битола – 113, Куманово – 75, Прилеп – 59, Велес – 50, Охрид – 43, Кавадарци – 41, Тетово – 38, Гостивар – 36, Струмица – 32, Штип – 31, Кочани – 30, Гевгелија – 27, Ресен – 24, Кичево – 22, Радовиш – 14, Струга – 13, Берово – 12, Неготино – 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Виница – 8, Богданци – 7, Делчево – 6, Свети Николе и Македонски Брод – по 5, Дебар, Пробиштип, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево – 3, Кратово и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 457 оздравени.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683, од кои половината се во Скопје.

Претходна вестДоаѓа викенд, носи дожд, а негде и снег
Следна вестТотал ТВ претстави нова супер акција: 249 денари во првите 8 месеци