Грозомерен чин на силување на малолетничка при што сето тоа било снимано со мобилен телефон сториле две лица од струмичко. СВР -Струмица поднесе кривична пријава против лице В.Ѓ. на возраст од 28 години од село Баница, струмичко, поради сомнение за сторено кривично дело подведување и овозможување полови дејствија и против 24 годишен струмичанец С.Т. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела подведување и овозможување полови дејствија и производство и дистрибуција на детска порнографија
– В.Ѓ. во текот на летото 2019 добил понуда од С.Т. да му овозможи средба со малолетничка во напуштен локал во трговски центар, каде што В.Ѓ. извршил обљуба над оштетената, а С.Т. со мобилен телефон го снимал настанот, информира полицијата.