Ужасно злосторство: Македонски државјанин ја убил сопругата со нож пред очите на децата во Германија

Ужасно злосторство во кое е убиена една жена од страна на македонски државјанин се случило во германскиот град Дортмунд. Весникот Билд информира дека е убиена 30-годишна жена, а насилникот кој бил од Македонија ја избол со месарски нож пред очите на трите малолетни деца.

Според сознанијата, жената сакала да се раздели од насилниот сопруг кој бил македонски државјанин и да започне нов живот. Била наведува дека таа долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.

По настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години.

Сторителот потоа бил фатен на автопат во Вирцбург, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд.

Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на младите и прегледани во Детска клиника.

Претходна вестНачалник во МВР од Кочани ја покажувал легитимацијата и не плаќал патарина, доби кривична пријава
Следна вестСиљановска Давкова со честитка до Трамп: Многу успех во извршувањето на одговорната функција