На Белградскиот саем, од 8 часот наутро почна ревакцинацијата за македонските државјани и останатите странски граѓани, најмногу од БИХ, поради што има долги редици. Досега веќе се вакцинирале 2.500 лица од регионот, а ревакцинација ќе продолжи и утре до 17 часот.
За денеска на Белградски саем се закажани термини за ревакцинација на 8.000 странски државјани, а за в недела 5.000.
Паралелно, се одвива и вакцинацијата со првите дози за граѓаните на Македонија и БиХ, кои исто како и за српските државјани е без закажување.
Македонските државјани денеска и утре се ревакцинираат и во Ниш, кде термини имааат 5.700 македонски граѓани кои во март тука ја примија првата дозна на „Астра Зенека“, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.
Според статистиката на Здравствениот дом во Врање, во петокот биле вакцинирани 422 македонските граѓани, или до четврток, 17 јуни, вкупно тука се вакцинирани 7.088 наши граѓани.
Македонските државјани од вчера масовно патуваат во Србија, поради што на Табановце и вчера и денеска за излез од земјава се чека од 30 до 45 минути.