Вакцинацијата забавува: Вчера едвај 8.000, од кои половина биле за ревакцина

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 452.424 дози вакцини, а ревакцинирани се 193.029 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.840 граѓани.

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  42 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 36 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 450.634 граѓани.

Од податоците изминатите денови, може да се заклучи дека вакцинацијата во земјава е забавена, како резултат на то што нема вакцини и се е во очекување – на донации или на наачаните 500.000 од „Синовак“ кои никко да дојдат.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот Фејсбук профил објави дека пристигна донацијата од 20.000 дози вакцини од Грција.

Но се работи за вакцини „Астра Зенека“ кои согласно политиката во земјава се даваат само на лица над 60 години.

Околу 50.000 дози треба да стигнат и од Бугарија, а се истот така „Астра Зенека“.

Во меѓувреме, и натаму наши државјани секојдневно одат во Србија на вакцинација, без закажување, а исто така и приватен медицински центар од Бугарија вакцинира на два погранични пука кај Ново Село и Делчево.

Претходна вестСрбите нема да плаќаат патарина, а Македонците треба ли?
Следна вестУЕФА отвори дисциплинска постапка за Арнаутовиќ