Вакцинирани 35% од популацијата во земјава, требаше ли да се затвори пунктот во „Борис Трајковски“?

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.246 дози вакцини, од кои 1.253 се аплицирани како прва доза, 3.897 се ревакцинирани, а 425 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 791.141 граѓанин, ревакцинирани се 737.979, а трета доза примиле 96, соопшти Министерството за здравство.

Педесет и три отсто од граѓаните над 40 -годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35 отсто од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини.

Во меѓувреме, од петокот е затворен пунктот во салата „Борис Трајковски“, а функционираат пунктовите во седумте поликлиники: „Букурешт“, „Јане Сандански“, „Чаир“, „Ѓорче Петров“, „Драчево“, „Ченто“ и „Шуто Оризари“.

Дали во услови кога се повикува на масовна вакцинација како најсигурна заштита од ширење на ковид, и се најавува дека трета доза за сите категории граѓани, треба да се затвори најголемиот вакцинален пункт во земјава?

Претходна вест(ФОТО) Ќе поправаме или ќе маскираме?
Следна вестЗаев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани