Вчера утро во 07.00 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода Р.Б.(47) од Валандово.
Тој бил затекнат додека полевал стебла марихуана. Од него биле одземени стеблата и предметите со кои ги полевал.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против Р.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.