Вандали демолирале пункт на „Паркови и зеленило“, уништиле вредни машини

Непознати вандали викендов обиле пункт во кој јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ чува дел од опремата за уредување на зелените површини, при што превртеле и уништиле дел од механизацијата, соопшти јавното претпријатие.

Од „Паркови и зеленило“ објавија фотографии од уништените машини, на кои се гледа обемот на овој вандалски чин.

-Обиен пункт во Градски парк, расфрлани и уништени машини, искршена внатрешноста на видиковец во Парк Македонија, ѓубре расфрлано низ зеленилото во Градски и Рајски парк се сликите кои нашите екипи ги затекнаа овој викенд низ градското зеленило, велат од јавното претпријатие во објава на социјалните мрежи.

Претходна вестКомисија ќе ги преиспитува сите неправилности и недостатоци поврзани со исхраната на Армијата