Вандализирана бистата на Горан Стојменовиќ, припадник на МВР кој загина во Диво Насеље

Вандалски чин е извршен во скопско Инџиково, каде е оштетена бистата на Горан Стојменовиќ, припадник на МВР кој загина во Диво Насеље. Случајот први го забележало семејството, кое е вознемирено. Бистата на Стојменовиќ е пречкртана со плава боја, а ова се случило во паркот посветен на него.

Според информациите од жителите, офарбан е и девет метарскиот крст кој се наоѓа на оваа локација, како и иконите. Жителите велат дека вандалскиот чин е направен на вчера, на најголемиот макеоднски празник Илинден.

Градоначалник на Гази Баба Бобан Стефковски изрази најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветениот крст поставен во истиот парк во Инџиково.

-Ваквиот сторен чин на денешниот голем македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда.

Како градоначалник на општина Гази Баба, барам итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за внатрешни работи и час поскоро сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата. На граѓаните сакам да им порачам да бидат спокојни. И споменикот и иконите ќе ги обновиме, а традицијата на оддавање почит на херојот Горан Стојменовиќ, како и чествувањето на Соборот на 12те Апостоли во Инџиково ќе продолжи!, порача Стефковски.

Претходна вестПожарите кај Отовица и кај Ајватовци изгаснати, пожарникарите на штрек
Следна вестЗемјотрес во Албанија ja стресе и југозападна Македонија