Ване Крстевски промовиран како ново засилување на Шкендија

Досегашниот фудбалер на АП Брера Струмица, Ване Крстевски и официјално промовиран како ново засилување на Шкендија за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

20-годишниот напаѓач во Струмица дојде од Штип во 2019 година кога заигра за младинските погони на тимот.

Од сезоната 2020/2021 беше и стандарден првотимец на АП Брера притоа одигрувајќи вкупно 72 натпревари во четири сезони и постигнато осум гола и исто толку асистенции.

Во есенската полуетапа за Брера, младиот Крстевски одигра 17 натпревари и постигна два гола.

Претходна вестРазрешени државните правобранители на подрачјата на Скопје и Струга
Следна вестХекуран Асани е новиот предлог на Владата за директор на М-НАВ