Вања починала од прострелна рана а не од задушување, два пиштоли се пронајдени во околина на Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата на прашање дали 14-годишната Вања Ѓорчевска била задушена или починала од прострелна рана, рече дека се работи за прострелна рана.

– Точниот наод на обдукцијата ќе покаже, меѓутоа прострелна рана е во прашање, рече Спасовски на вонредната прес-конференција на која соопшти дека е фатен првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо.

Во однос на тоа дали е најден пиштолот со кој е пукано, министерот Спасовски рече дека се најдени два пиштола во Скопје кои треба да се вештачат за да се утврди дали е тоа оружјето со кое е убиено девојчето.

Тој потврди и дека полицијата го има пронајдено мобилниот телефон на Вања.

Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а во неделата на 3 декември е пронајдено нејзиното тело во Бразда во околината на Скопје.

Претходна вестСпасовски: Палевски е уапсен во Турција, на улица во градот Баликесир
Следна вестПанче Жежовски го грабнале за да го присилат да го даде неговиот автомобил за тие да го искористат за грабнување на Вања