Ванковска: ЕУ нема намера да се проширува во догледно време

Професорката и кандидатка за претседател на државата, Билјана Ванковска, прокоментира околу зачленувањето на Македонија во ЕУ. Таа преку Фејсбук се прашува „кога ќе покажеме дека сме возрасни“.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот нејзин текст:

-Не е проблемот во тоа што ЕУ нѐ прескокнува, односно блокира, во процесот на пристапување, па дури и кани земји во војна или недовршени како БиХ. Да, не е фер кон нас. Но, проблемот е во тоа што давањето кандидатски статус или отворањето преговори го користи како геополитичка алатка – но, без вистинска намера да се прошири. Видете што се случува со Србија и Црна Гора… божем преговараат, ама ни да мрднат.

Вистинскиот проблем што овде никој не сака да го види или јавно да го каже е што ЕУ нема намера да се проширува во догледно време. Последната земја која ја примија беше Хрватска пред повеќе од 10 години! Оттогаш никаков реален прогрес на другите кои стојат во предворјето…

Кон сите овие држави (како Украина, Молдавија, БиХ, ама и Македонија и Албанија) се однесува како кон онаа старата за кучето што ниту ја глода коската, ниту на друг ја дава.

Јас не разбирам како е уште можно народ да се лаже на оваа бајата приказна. А приказна како приказна е за мали деца. Не знам дали и кога ќе покажеме дека сме возрасни?! Ако ништо друго, да не се лажеме и да не нѐ лажат, потенцира таа.

 

Претходна вестГо решаваат проблемот со градскиот превоз во Скопје или го паркираа на последната станица?
Следна вестДЗР: Многумина од стипендираните студeнти во странство не се враќаат во Македонија