-Како професор на мировни студии на Филозофскиот факултет и со долгогодишно искуство во таа област, никогаш не сум го криела моето анти-НАТО позиционирање, затоа што не сметам дека во меѓународните односи со сила се решаваат некои работи, истакна професорката и кандидатка за претседателка на Македонија, Билјана Ванковска, при настап на „ТВ Телма“.
Таа смета дека НАТО во приказната не е доброто момче и дека има многу придонесено за небезбедноста во светот и во регионот.
Ванковска вели дека повремено има чувство дека сме затворени во меур, кој ќе дојде на Водно, кој ќе дојде во владата и како тука да почнува и завршува целата приказна. Инаку, таа вети непредвидливи и бурни дебати со останатите претседателски кандидати во кои како што вели за некои теми ќе биде сама наспроти шестмина.