Вардар денеска ги почнува подготовките за новата сезона

Фудбалскиот клуб Вардар денеска од 17 часот на терените во Хиподром ги почнува подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Шефот на стручниот штаб, Горазд Михајлов ќе ја има првата прозивка на тимот означувајќи го почетокот на подготвителниот период, откако обезбедени се средства за регулирање на актуелните обврски и заостанатите долгови кон фудбалери.

Навивачката група „Комити“, како што е познато, претходно информираа дека е постигнат договор за нов инвеститор и раководство на Вардар, кое се очекува официјално да биде промовирано во текот на наредните денови.

Вардар во новата сезона тренинзите ќе ги реализира во Хиподром, а како што информираат од клубот, натпреварувачки низ сезоната 2024/25 повторно се враќа на арената „Тодор Проески“ каде ќе се играат сите домашни натпревари.

Претходна вестМлад скопјанец преживеал хорор – го киднапирале и го натерале да се самозапали,  едвај се спасил
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција