Вардар е шампион во женска кадетска конкуренција

Кошаркарките на Вардар се закитија со трофејот во М16 конкуренција откако во големото финале од завршниот турнир што се играше во Скопје рутински го совладаа градскиот ривал Бадел со 81-64.

Силно темпо наметнаа кошаркарките на Вардар од самиот почеток на финалниот натпревар во М16 лигата во женска конкуренција. Уште во оние воведни минути се стекнаа со предност, која на крајот на првиот период изнесуваше двоцифрени (25:13).

Но не се задоволија со тоа „вардарки“, напротив, притиснаа уште посилно во текот на втората четвртина. По 16 минути игра во финалето, Вардар имаше двојно поголеми (42:21). Некоја минута подоцна имаа уште поголеми (48:24), со кои ја најавија и шампионската титула во оваа возрасна категорија, макар што до крајот на финалето имаше уште едно полувреме. На истекот на првиот дел од играта, Вардар беше доста „далеку“, водеше тимот на тренерот Славица Наков со (53:28).

Во второто полувреме, многу поизедначена игра. На почетокот на третата четвртина, Бадел 1862 најави подобро издание, со серија од (11-3) „симна“ неколку поени од високиот минус. Во четири, неполни, минути резултатот беше (39:56). Сепак, тоа беше се што „баделки“ успеаја да сторат, Вардар повторно влезе во ритам, не дозволи ривалот посериозно да се приближи и заслужено се закити со трофејот.

М16 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР – СКОПЈЕ

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Вардар – Тим Арена 91:37

Бадел 1862 – Крива Паланка 61:30

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Тим Арена – Крива Паланка 43:48

ФИНАЛЕ

Вардар – Бадел 1862 81:64

Претходна вестВо пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи
Следна вестСиљановска Давкова се сретна со Мицотакис и Главчев