Вардар ги пушти билетите за натпреварот со Мешков Брест – влез само со сертификат

Билетите за првиот овосезонски натпревар на Вардар 1961 на домашен терен во Лигата на шампиони против белорускиот првак Мешков Брест од денеска се пуштени во продажба.

Како што соопшти македонскиот првак, за натпреварот закажан за в среда со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во продажба се пуштени 1.800 влезници по цена од 350, 400 и 450 денари.

За влез во салата неопходен ќе биде сертификат за примена најмалку една доза вакцина против коронавирус или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Од Клубот соопштија дека лицата над 18-годишна возраст без соодветен сертификат/потврда нема да можат да влезат во салата дури и во случај да имаат купено билет.

Претходна вестПетмина приведени за вчерашниот протест во Мала Речица
Следна вестЕм зелени ем граѓански: ДУИ вети референдуми за сите локални прашања