Вардар се пофали со потписот на холандски репрезентативец

Ракометот во Холандија сериозно напредуваше како спорт во последните неколку години, а тоа придонесе да го видиме и првиот играч од оваа земја на мак-сцената.

Вардар денеска се пофали со потписот на холандскиот репрезентативец Ларс Коиј, кој се согласил да потпише едногодишен договор со најтрофејниот клуб во нашата земја.

–Возбуден сум поради мојот трансфер во РК Вардар. Приклучувањето кон еден ваков престижен и докажан клуб е вистинска чест. Навистина сум возбуден поради можностите и предизвиците што ми претстојат. Сакам да ги покажам своите вештини на друго ниво и да научам повеќе и различни работи за да растам како играч. Нестрплив сум да дадам се од себе на теренот и да имам позитивно влијание и на теренот и надвор од него, изјави Ларс Коиј.

Ларс игра на позицијата пивотмен и се очекува да биде движечка сила во тимот во офанзивен план, а во Скопје доаѓа по авантурата која ја имаше во Хам Вестфален во германија.

Коиј е холандски репрезентативец и играше на последните две Европски првенства, а вкупно има 25 настапи за најсилниот национален тим.

Претходна вестАсанж ослободен од затворот во Велика Британија
Следна вестСе санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за претпрена материјална штета