Вардар со сигурна победа, порази за Работнички и Силекс

0

„Ако денот по утрото се познава“ тогаш не им се пишува баш најдобро на македонските фудбалски клубови кога е во прашање европска есен. Освен Вардар, која ја оправда улогата на фаворит против Ла Флорита од Сан Марино, победувајќи со 3:0 на домашен терен во рамки на квалификациите на Конференциска лига, преостанатите два претставника, Силекс и Работнички, претрпеа убедливи порази на гости кај Црна Гора, односно Белорусија.

„Црвено-црните“ по анемичното прво полувреме кое заврши без голови, во вториот дел ја нагази топката и по само две минути поведе со голот на Омерагиќ. На средината од вториот период, фудбалерите на Вардар набрзина постигнаа уште два погодока за очекуван триумф над полуаматерскиот тим од Сан Марино.

За радоста да не биде целосна се погрижија Работнички и Силекс, кои претрпеа убедливи порази на гости и се пред елиминација во квалификациите на Конференциска лига. Работнички беше убедливо прегазен од Торпедо БелАЗ со 0:3, додека Силекс загуби од црногорски Дечиќ со 0:2.

Македонскиот првак Шкендија, пак, во вторникот одигра без голови против велшки ТНС на гостински терен во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони, пред реваншот идниот вторник на Арената во Скопје.

Претходна вестЦУК го тестира системот за итно СМС информирање на граѓаните
Следна вестЌе се реконструираат улици во должина од 20 километри