Вчера имаше 37 пожари, се уште гори кај Пехчево, Јасен, на Галичица…

Вчера на територијата на Македонија имаше вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои во моментов 10 се активни, шест се под контрола и 21 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во општините Македонски Брод и Пехчево каде што гори борова и мешана шума. И денеска таму ќе бидат насочени дел од воздухопловите и голем број на пожарникари, војници и доброволци.

Во Општина Новаци кај селата Полог – Тапевци – Гнилеж – Паралово годи ниска вегетација.

Од врвот Магоро на Галичица кон Стење се шири пожар на нискостеблеста вегетација.

На територијата на Општина Кичево активни се четири  пожари – кај селото Патеец, кај селата Челопеци и Бигор Доленц, Зајас, а дабова шума гори кај Туин и Калешовци.

Во Општина Пласница гори нискостеблеста вегетација кај селата Пласница и Латово.

Дабова шума годи кај Пресека, Општина Кочани.

Под контрола се пожарите кај ТЕЦ Неготино, на Илинска Планина, кај Папрадиште и депониите кај Делчево, Липково и Кочани.

Претходна вестДве паралелни прослави на 23-годишнината од Охридскиот рамковен договор
Следна вестВечерва ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“