Вчера избувнале 35 пожари, активни се уште два

Центарот за управување со кризи соопшти дека во текот на последното деноноќие во државава биле регистрирани вкупно 35 пожари.

Оттаму велат дека утрово се активни само два пожари. Првиот е во Македонски Брод, близу селото Белица, кај месноста Аргулица.

-Таму гори ретка борова шума на тешко пристапен терен, наведуваат од ЦУК.

Вториот пожар е во Општина Боговиње, кај Ново Село, каде што гори мешана шума и ниска вегетација.

Изгаснатите пожари биле во општините, Чучер Сандево, Бутел, Аеродром, Ѓорче Петров, два пожара, покрај обиколницата на автопатот Скопје –Тетово, Гази Баба, Шуто Оризари, Битола, Струмица Гевгелија, Валандово, Велес, Чашка, Неготино, Куманово, Старо Нагоричани Јегуновце, Теарце, Тетово, Гостивар, автопатот Гостивар-Тетово и Штип.

Фото: Илустрација

Претходна вестУапсен кријумчар од Студеничани, пронајдени 12 мигранти од Сирија
Следна вестПрилепските пожарникари споделија невообичаен настан: Во пожарот во работилница изгорело се, освен иконата од Исус Христос