Вчера повторно се лудувало по скопските улици

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол, 8 за користење мобилен телефон, 9 за некористиње на сигурносен појас, две за минување на црвено светло, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 37 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Претходна вестВтор пораз за македонските одбојкари на Европското првенство 2021
Следна вестВладата нема план за борба против корона, обвинува ВМРО-ДПМНЕ