Во текот на вчерашниот ден дадени се вкупно 6.089 дози вакцини, од кои 709 се прва доза, 1.148 се втора доза, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.
Заклучно со 26 октомври, вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, две дози примиле 772.424, а трета – 20.119 граѓани.
54 % од граѓаните над 40-годишна возраст се вакцинирани со две дози, а 33 % од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 %, а со две дози опфатени се 46 % од граѓаните над 18 години.
Според бројот на дадени вакцини, 38 % од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 % од популацијата во државата примила две дози вакцина.
Овој процент стагнира веќе подолго време штто укажува дека интересот за вакцинација опаѓа.
Вчера Владата, паралелно со објавувањето на олеснување на мерките кои предвидуваат отворање на ноќните клубови и дискотеки и до 50 проценти исполнетост на затворените делови од угостителските објекти за свадби и веселби, објави дека од 15 ноември за влез во затворени простори ќе се признаваат само сертификати за вакцинација со две дози.
Дали ова ќе ја поттикне вакцинацијата или „штанцањето“ лажни серитификати ќе видиме со споредба на бројката на вакцинирани и сликата од посетеноста на овие објекти.