Вчерашното невреме предизвика големи штети во струмичко

22

Вчерашното невреме проследено со силен дожд, ветер и град предизвика големи штети на земјоделските површини и пластениците во селата Муртино, Еднокуќево и Босилово. Според жители од овие населени места, штети има најмногу на пластениците, кои од силниот ветер се урнати, а поголема површина е поплавена.

Денеска се огласи градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој преку неговиот фејсбук профил информираше дека веднаш е формирана Комисија за проценка на штетите во селото Муртино и ги повика сите кои претрпеле штета од понеделник да ја пријават во Општината.

И градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, информира дека штети се евидентирани во селата Еднокуќево и Босилово и дека од понеделник ќе се знае какви мерки ќе преземат како Општина.

Претходна вестВелковски: Интернет страната на МТСП сега достапна и за лицата со попреченост
Следна вестОгромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС