Вечерва посебен режим на сообраќај пред Собранието

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 18 до 19:15 часот на улица „11-ти Октомври“, пред Собранието, поради најавен собир на група граѓани, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведената сообраќајница.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Претходна вестКривична пријава за арачиновец, се обидел да подигне кредит со личната карта на брат му
Следна вестВо Свиланово, кочанско одбележана 118-годишнината од загинувањето на Никола Карев