Откако највисоките партиски тела во СДСМ побараа од нивниот претседател,а и премиер Зоран Заев да го одложи поднесувањето на оставката од обете функции и откако пропадна обидот на опозицијата да изгласа недоверба на Владата, сега се повеќе се зборува за реконструкција на Владата, повторно на чело со Заев.
Од досегашните само шпекулации, денеска за првпат тоа и јавно се слушна, од устата на вицепремиерот и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи.
-Сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев 3“ влада, повторно влада предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри. Мислам дека тој ни треба за да продолжат некои процеси, изјави денеска Битиќи.