Пред дуќаните на Нов мост „Гемиџии“ на улица „Илинденска“ во Велес, изутрината е пронајдено тело на починат маж Т.Ѓ роден 1970 година, информира за МИА портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.
Таа појасни дека во 10 часот добиле известување од службата за Итна медициска помош, за машко лице во безсознание кај Нов мост, по што нивна екипа отишла на увид на местото на настанот.
Од Итна медицинска помош соопштија дека во 09:50 часот од страна на граѓани добиле повик за лице во безсоознание во близина на Агенција за вработување. Но кога нивната екипа пристигнала, лицето го пронашла не долу кај Агенцијата за врабтување туку горе кај дуќаните на Новиот мост близу до ДОЗ. Екипата на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство.