Велешанец тешко повреден додека работел на изградба на трговски центар во Скопје

Во скопската полиција вчера околу 17 часот било пријавено дека во болницата „Аџибадем Систина“ со тешки повреди бил донесен В.П. (50) од Велес.

Според пријавеното, околу 16 часот тој се повредил додека извршувал работни задачи на објект во градба во трговски центар на подрачјето на Гази Баба.

Увид на местото извршила екипа од скопската полиција.

Претходна вестБогдановиќ ја остава општина Центар во плус од 90 милиони денари
Следна вестФатен шверцер на мигранти, кој требало да биде во притвор