Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска изјави дека во постапка се пресметките за раст на мартовските пензии.
-Да, во постапка се. Веќе добиени се податоци од Завод за сатистика каде што точно по формула треба да се пресметаат. Започнати се и ќе се има согласно закон според формулата ќе се пресмета оној процент за нивната минимална пензија, за покачувањето, рече Велковски при денешната посета на поранешниот објект на ЈУ за згрижување и воспитување на деца и младинци „Ранка Милановиќ“.
На новинарско прашање колку би било покачувањето, техничкиот министер нагласи дека со конкретни бројки ќе излезат кога ќе заврпшат сите работи.
-Во овој момент да не зборуваме за бројки. Конкретни да бидеме. Ќе излеземе со бројките. Да бидеме конкретни, да оставиме граѓаните да не шпекулираат меѓу себе колку и зошто, рече тој.