Верниците слават Божиќ по Грегоријански календар

Католиците, протестантите и другите кои се придржуваат до Грегоријанскиот календар денеска го слават Божиќ – најрадосниот празник и денот кога се слави раѓањето на Исус Христос.

Божиќ е истовремено и празник на љубовта, но и собир на семејствата, пријателите и соседите кои заедно го слават овој важен и најсреќен ден.

Божиќ, заедно со Велигден и Денот на душата, е еден од трите најголеми христијански празници. Централниот чин на божиќната прослава е полноќната миса.

Овој празник има значајна симболика и е препознаен и во католичката и во православната традиција, иако датумите на прославата се разликуваат поради употребата на различни календари.

Западните христијани, кои го користат Грегоријанскиот календар, го слават Божиќ на 25 декември, додека православните цркви, кои го следат јулијанскиот календар, го слават празникот на 7 јануари.

Претходна вестГорига и во иднина ќе го носи дресот на Вардар
Следна вестПриватните превозници добија за 20 денари повисока цена по километар