Весна Јаневска: Комитите се дел од историја на државата ,војската на УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништо

Училишни приредби на кои децата се со амблеми на УЧК, пушки во рацете и имаат изведба на стрелање имало во неколку училишта и тоа во Тетово, Чаир и Струга. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека имаат докази со слики и видео материјали, а просветните инспектори се на терен. На политичката партија ДУИ им порача политика да не прават на грбот на децата, на најмалите.

Јаневска ваквите приредби ги квалификуваше како немил настан. Забележа дека Македонија е заедничка земја на сите граѓани кои живеат во неа и сите треба да чувствуваат одговорност и љубов кон неа, за да има просперитет, да се градат силни демокртаски вредности, кои никој нема да го повредат и навредат.Јаневска посочи дека УЧК и нејзините амблеми за оваа држава не значат ништо, а воениот конфликт предизвика жртви на сите инвловирани страни.

Што се однесува за објавата на ДУИ дека претходните години имало приредба во градинка во Аеродром со деца облечени во комитска облека, Јаневска истакна дека комити биле Македонци, Албанци, Власи и се дел од историјата на нашата земја и за нив се учи во наставните програми.

Јаневска забележа дека учениците без разлика на етничката или верската припадност треба да се учат на базичните човекови вредност, недискриминација, соживот, разбирање, емпатија, а најмалку што треба да има во училиштата е политика и учењето на милитаризам.

Претходна вестСпецијално возило испратено да ги извлече возилата заглавени кај Леуново и Никифорово
Следна вестОставката на Дамева е единствената исправна одлука, велат од Владата