Вестите од Бугарија не се охрабрувачки за Османи

Вестите од Бугарија не се охрабрувачки, продолжуваме со комуникација на ниво на МНР, но очигледно дека потребно е формирање на политичка влада за надминување на разликите и деблокада на евроитеграциите, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-За жал не се охрабрувачки вестите коишто доаѓаат од Бугарија во делот на формирање на институциите, бидејќи како што често нагласувам очигледно тоа се покажа како важен фактор во изнаоѓање на решение за надминување на разликите коишто се причина за оваа непринципиелна блокада на нашата европска перспектива. Ние бевме во очекување дека овој втор обид ќе има инститиции за да можеме во тој политички дел да комуницираме и да изнаоѓаме решение. Меѓутоа независно од тоа комуникацијата помеѓу двете МНР-а продолжија и во изминатиот период, имаше директна комуникација на експерти од двете министерства коишто разговараа по однос на прашањата коишто беа отворени на последниот состанок во Софија и презентирани како можност за утврдување на патоказ за надминување на разликите, рече Османи на новинарско прашање.

Османи го посочи претстојниот Самитот на ЕУ на 6 октомври во рамки на словенечкото претседателство, како една исклучителна можност да се круниса успехот и да се даде сериозна порака кон Западен Балкан дека овојпат персективата се враќа на својот колосек, меѓутоа, додава, сепак сме во очекување на тоа што се случува во Бугарија. 

 –Јас цело време бев на ставот дека политичка влада не е неопходна за да се донесе одлука за започнување на преговори, бидејќи политичката одлука за истата е веќе донесена и првата меѓувладина конференција требаше да биде само техничко исполнување на една политичка одлука и оттука се надевав дека може и техничка влада да ја донесе односно службена влада да ја донесе таа одлука. Меѓутоа очигледно тоа се покажа како неможно дека сепак ситуацијата во Бугарија е до тој степен да одлуката не може да се донесе без да се формираат институциите, вели Османи.

Претходна вестСтрашните ковид-бројки се враќаат ко на филм: Дури 8 починати и 588 нови заразени за 24 часа
Следна вестНа скопскиот аеродром приведени странски државјани за криумчарење мигранти