Ветерот е несериозен: Претпладнево Скопје меѓу петте најзагадени градови во светот

Високата загаденост на воздухот во скопските населби Лисиче и Гази Баба, се чини, претпладневно го стави Скопје меѓу пет најзагадени метрополи во светот. Ова го покажуваат измерените концентрации на штетни честички во воздухот како од меѓународни интернет-страници, така и мерењата обајвени на веб-сајтот на македонското Министерство за животна средина.

Така, на порталот на македонското МЖСПП се гледа дека во населбите Лисиче и Гази Баба загадувањето на воздухот е „многу високо“. Најзастепени се штетните ПМ2,5 и ПМ10 честички. Прекумерно загадување со ПМ10 честички има и на подрачјето на општина Центар, но нема показател за загадувањето со ПМ2,5 честички.

Интернет страницата waqi.info објави дека во претпладнево во 10 часот концентрацијата на штетни честички во Лисиче изнесува 178 микрограми на кубен метар воздух, а што значи дека воздухот е „нездрав“. Прекумерно загадување има и на подрачјето на Гази Баба каде воздухот, исто така, е „нездрав“ за дишење поради измерената концентрација од 173 микрограми на кубен метар воздух.

Интернет страницата Iqair.com околу 10 часот Скопје го рангира на пето место во светот, откако претходно утринава беше и на трето место меѓу најзагадените светски метрополи. Индексот на загадувањето е 162 а што, исто така, значи дека воздухот е „нездрав“ за дишење. Препораката е да не се спортува надвор, да се носат маски, а прозорците да се држат затворени.

Се се ова загрижувачки податоци. Но, дали во надлежните институции има загрижени? Впрочем, тие требаше одамна да се загрижени и активирани за да се намали загаденоста.

Да, факт е дека и ветерот е несериозен. Не дува секој ден. Претера со површноста, а може да сработи многу.

Претходна вестЃорѓе Давид ослабнал пет килограми – едвај чека да го запознае сопругот на прегазената жена
Следна вестТрадиционалната културна манифестација „Прличеви беседи“ почнува в сабота со поетски караван