Ветерот пак го исчисти воздухот во Скопје

Ветерот кој што од ноќеска дува на скопското подрачје го исчисти водухот во македонската метропола кој што во изминативе денови беше прекумерно загаден. Тоа утринава го покажува и интернет страница IQAir на кој Скопје се најде на 117-тото место според загаденоста на воздухот. Листата, инаку, содржи 120 метрополи.

Податоците покажуваат дека индексот на загаденоста е 15, а со што квалитетот на воздухот се означува како „добар“. Индексот на концентрацијата на штетните ПМ 10 честички околу 9 часот е 3,4 микрограми, а на ПМ 2,5 честички 2,7.

Неколкудневен ноемвриски малку постуден бран беше доволен Скопје одново да е високо на светската ранг-листа на градови со прекумерно загаден воздух.  Во овој период, меѓутоа, изостанаа конкретни мерки на надлежните државни и градски власти за да се намалат последиците од загадувањето. Така, пак се потврди дека граѓаните единствена помош може да добијат од ветрот…

Претходна вестГерманскиот Бундестаг му донира на македонското Собрание безбедносни скенери
Следна вест11 лица се уапсени поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад