Хрватска влезе во Шенген зоната. Имено, чешкото претседателство и Европската комисија го изразија своето задоволство и и’ честитаа на Хрватска за големиот успех по изгласувањето на одлуката за влез во Шенген зоната. Но беше искажано и нивното разочарување од немањето консензус за Бугарија и Романија.
-Честитки за Хрватска за овој голем успех, рече чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан.
Во исто време беше изразено разочарување поради немањето консензус за влез на Бугарија и Романија. Австрија беше против двете земји, а Холандија ја поддржуваше Романија, но не и Бугарија.
Било искажано надеж дека двете земји ќе влезат во Шенген зоната до крајот на мандатот на оваа Комисија, што значи до есента 2024 година.
Според дипломатски извори, Германија и Луксембург се обиделе да извршат притисок врз Австрија и Холандија велејќи дека сите три земји треба да бидат ослободени или ниту една, но на крајот се откажале, пишува „Индекс“.